Од гледање видеа на Јутуб, сам си изгради куќа: Но, не е било каква

Британецот ја изгради својата куќа од соништата врз основа на сознанијата стекнати од видеата на Јутјуб. Според Дејли Меил, пред да започне со градежништвото, Греам Харли немал искуство и работел како специјалист за ИТ.

Харли (51) вели дека се стекнал со многу вештини низ годините. За да ја изгради својата куќа без ничија помош, тој мораше да проучи огромен број теми, започнувајќи со тоа како правилно да ги наслика ѕидовите и завршувајќи со сложеноста на покривот.

"Откако сфатив дека сè е во ред (со имотот), влегов во акција. Тоа беше долга и напорна работа. За многу работи, читав во книги и на Интернет", вели Греам.

„Имав пријател кој ми помогна со материјалите. Местото беше исто така многу евтино“, додава тој.

„Семејството многу ме поддржа. Работев колку што дозволува светлината. Требаше повеќе време затоа што и учев и гледав и читав и најмногу време одземаа видеата од кои учев“, рече Британецот.

Идејата да се изгради куќа самостојно дојде откако еден градежник се пошегува дека секој може да изгради свој дом. И така во 2008 година, Греам го започна својот епски проект.

Тој прво го сруши стариот бунгалов што беше во парцелата, а потоа се зафати со работа користејќи лекции на YouTube.

За време на изградбата, неговата сопруга живеела во караван. И во 2012 година се роди нивната ќерка.

Греам додаде дека биле потребни околу 10 години за изградба на неговата куќа.

Во еден момент, тој дури мораше да ја напушти работата за да го забрза процесот на градење на неговиот дом.


Во 2018 година неговите напори беа успешни. Куќата што ја крена со свои раце има пет спални соби, две купатила, кујна и трпезарија, а во надворешните простории има направено сала и ТВ соба.

„Најпрво не мислел дека ќе дојде од тоа. Ама мислел дека за изградба ќе му бидат потребни 18 месеци!

Не можевме да си дозволиме да платиме на некој за да го изгради она што го направи Греам. Јас сум толку горда на него “, рече неговата сопруга, Манди.

„Еден ден, градежен инспектор дојде да изврши увид во подот на гаражата. И тој ми рече: „Не си архитект, зарем не?“

Веднаш помислив дека не сум сторил нешто како што треба, и тој одговори дека го донел тој заклучок затоа што сè е совршено “, рече Британецот.

Севкупно, Харли потроши 140 000 фунти за изградба на својот нов дом.

Сличен имот во Велика Британија се проценува на околу 450.000 фунти.

Иако е задоволен од резултатот, Греам не е сигурен дека ќе го повтори подвигот.