Од вестерн филмови до Робин Худ: Шапките на Тајзи, Адријан Гаџа и Рубенс Муратовски
Често ќе ги видиме со нешто „тренди" на глава. Но, тие токлу вешто го носат тоа, што им стана ритуал...
Британците се познати по пиењето чај и носење на шапки. Во Америка бејзбол капата најчесто ја носат, во Франција беретките го имаат главниот збор. Други држави слават „ден на шапките”. А во повеќето традиции таа е неизоставен дел. Порано означувала статусен симбол, денес верен моден додаток. Но улогата пред се и е заштитна, од сонце, дожд, да се сокрие ќелавоста…
Во еден стил, таа може да создаде уникатна приказна, зависно од тоа каква е и секако, кој ја носи? Кај нас шапките се носат најчесто како дел од облекувањето, за да бидеме приметени или за да го надополниме нашиот моден поглед. Но, некои често ја носат и таа во голем дел е составен елемент од нивното живеење.
Кај мажите, шапките ги гледаме многу често. Не значи дека со нив го одредуваат статусот, едноставно сакаат да си ги носат. Еве како тоа изгледа на главите од неколку наши познати ликови, љубители на ова стилско парче.
Тајзи
Раперот ги сака оние масивните, елегантните, токму оние кои се синоним за господин. Ги комбинира многу модерно, некласично, нестандардно, урбано… Некои потсетуваат на шапките од вестерн филмовите, а други како од 60 - те години на минатиот век.
Адријан Гаџа
Пејачот преферира претежно спортски капи, но има и елегантни, во стилот на Робин Худ. Некогаш носи и такви кои ја прекриваат целата глава. Со секој изглед има и соодветна шапка. Изборот му е сведен на модерни и практични, без премногу шари и логоа.
Рубенс Муратовски
Актерот има неколку шапки и сите се различни. Интересни се оние кои го содржат „Денди” стилот, со дезен кој има ситни коцки. Изгледа необично и истовремено елегантно со нив, па бидејќи е релаксиран во облекувањето, сите му стојат убаво.
Небојша Толески