Од злато и мермер ќе ве заболат очите: Ваква „кич“ куќа не сте виделе, сопственикот стана хит на интернет (ВИДЕО)

Неговата дневна соба е глетка за паметење, има насликан таван кој го прикажува небото. На ѕидот има и златни слики, како и богато украсена масичка за кафе...

Социјалната мрежа Тикток доживеа голем бум, многумина ја сметаат за една од најпопуларните во моментов, а нејзината содржина е навистина разновидна. Корисниците ја користат оваа платформа за споделување совети за нега на лице, нега на кожа, нега на коса, како и љубов и ментално здравје, а има и такви кои ја прикажуваат својата приватност.

Така, еден човек, кој на Тикток се претставува како Искендер Курт, стана вистински хит кога отвори профил и во неколку видеа го покажа својот дом. Неговата куќа стана фокус на коментари на социјалните мрежи откако мажот покажа дека златото и мермерот дефинитивно никогаш не му се доволни!

Во видеата тој го покажа секој агол од својот „кич“ дом. Прошета низ својата трпезарија, каде на секое столче како и на масата има украсни работи, а завесите исто така се впечатливо сини, и цело време се прскаше со парфем.

Спалната соба, се разбира, има огромен кревет со уште поголема покривка, заедно со луксузна постелнина, а сето тоа го зачини со своето присуство без кошула на тој кревет.

ВИДЕО: