„Одам на вечера со едни пријатели“: Еве ја легендарната четворка заедно за крај на кариерата на Федерер
Секој љубител на тенисот со тага ги очекува наредните денови, бидејќи за време на Лејвер купот славниот Роџер Федерер стави крај на својата легендарна кариера во која освои речиси се што може да се освои. Тој реши максимално да ги искористи последните часови пред последните моменти на тенискиот терен.
Oблечен во смокинг, не ја пропушти можноста да земе рекет. Додуша, онаа за пинг-понг, па дополнително реши да ги насмее сите присутни имитирајќи го „офкањето“ на неговите големи ривали при секој удар.
Речиси во ист момент, Новак Ѓоковиќ објави заедничка фотографија.
А потоа Роџер на Твитер објави фотографија со Новак Ѓоковиќ, Енди Марej и Рафаел Надал со хумористичен коментар.
- Одам на вечера со едни пријатели- притоа означувајќи ги сите тројца ривали со кои го делеше теренот сите овие години. Многумина коментираа дека ова е една од „поскапите“ слики на величествените четворица.