Одобрена апликацијата на Силк Роуд Банка за платежната шема СЕПА (Single Euro Payments Area)
                    Со гордост известуваме дека Европскиот совет за плаќања ја одобри апликацијата на Силк Роуд Банка АД Скопје за учество во СЕПА платежната шема за кредитни трансфери (SEPA Credit Transfer – SCT).Со ова, Силк Роуд Банка официјално е вклучена во Регистарот на учесници за СЕПА кредитен трансфер, што овозможува на нашите клиенти побрзи, поедноставни и сигурни плаќања во евра кон сите земји од СЕПА регионот.
Силк Роуд Банка почнувајќи од 09.12.2025 година ќе овозможи девизни СЕПА кредитни трансфери за физички и правни лица, кои може да се реализираат во експозитурите и филијалите на Банката или електронски преку електронското/мобилното банкарство.
Имено, клиентите на Банката ќе можат да вршат и примаат плаќања во ЕУР под исти услови, права и обврски меѓу различните земји-членки на СЕПА, со многу пониски трошоци од досегашните.
Овој чекор претставува потврда на нашата заложба за усовршување на услугите, дигитализација и усогласување со европските стандарди, со цел да обезбедиме уште поголема вредност и практичност за сите наши клиенти.
Силк Роуд Банка, преку континуирани инвестиции во иновативни технологии и усогласување со европските практики, останува сигурен и доверлив партнер кој ги следи и поддржува своите клиенти во секоја фаза – од управување со личните финансии до развој и проширување на бизнисот на меѓународно ниво.