ОФИЦИЈАЛНО: Шкендија полуфиналист, Шкупи доби суспензија

На вонредна седница по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи - Шкендија од 1/4 финалето од Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на ФК Шкендија, службено со 3:0 да го добие натпреварот со ФК Шкупи. 

Теренот на ФК Шкупи, стадионот во Чаир, се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари. ФК Шкупи се предава на Дисциплинска комисија на ФФМ. 

ФК Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје.