Опасно или не? Еве што се случува ако голтнеме гума за џвакање

Веројатно сте слушнале дека никогаш не треба да голтате гума за џвакање бидејќи може да се залепи за вашиот желудник или цревата или затоа што се потребни околу седум години за целосно да се свари.

Сепак, вистината е нешто поинаква. Иако гумата за џвакање се состои од смола, восок, маснотии и емулгатори кои не се сварливи, човечкиот стомак секој ден добива одредени количини несварлива храна, па тоа не е невообичаено, ниту опасно по живот.

Така, во моментот кога ќе ја проголтате гума за џвакање, нејзините делови кои не можат да се сварат остануваат во телото додека желудникот не може да се справи со тоа, а потоа по одредено време тие се исфрлаат од телото.

Исто така, приказните за штетното дејство на голтнатата гума за џвакање имаат и друга страна, за што говори фактот дека голем број голтнати гуми за џвакање може да предизвикаат дигестивни проблеми за краток временски период, особено кај малите деца.

Тоа се случува многу ретко, но кога ќе се случи, тогаш е потребна итна интервенција на лекар. Следниот пат кога ќе проголтате гума за џвакање, немате за што да се грижите бидејќи вашиот дигестивен тракт доста успешно ќе се справи со тоа.