ОРС - прв избор при дехидратација кај деца при дијареа и повраќање

Нашето тело има потреба од одредена количина на течност. Секој ден треба да се консумира најмалку 1 литар вода. Потребата на телото од течности се зголемува со зголемување на активноста. Поактивни луѓе треба да внесуваат 2-3 литри течност секој ден.

Дехидратацијата е поим кој означува загуба на течности на телото заради различни болести при што телото губи прекумерна количина на вода. Дехидратацијата може да се сретне на било која возраст, но е многу опасно кога се случува во кај деца особено во доенечка возраст, и кај стари лица.

Симптоми на дехидратација вклучуваат треска, вртоглавица, шок, појава на дијареа, гадење и повраќање, грчеви во мускулите, кожата е жолтеникава. Доколку оваа состојба  не се третира може да дојде до летален исход.

Дехидратација кај децата може да се случи поради следниве причини:

·недостаток на вода во организмот;

·Акутна дијареа предизвикана од бактерии или вируси при што почести се вирусните инфекции;

·Вирусниот гастроентеритис се карактеризира со пролив и повраќање - најчесто е предизвикан од ентеровируси и аденовируси;

·Кај бебиња и деца имунолошкиот систем не е доволно зрел да се бори со бактерии и инфекции, со што се зголемува ризикот од дијареа и повраќање;

·лоша здравствена состојба, што резултира со губење на апетитот на детето;

·Кај малите деца и доенчиња чест причинител е и ротавирус - чест причинител на хоспитализација на  доенчињата поради бурните симптоми и големиот ризик од дехидрација;

·Бактериските инфекции се почести во летните месеци и при патувањата. Најчести причинители се:  Salmonella, Campylobacter jejuni, Shigella i  Escherichia coli.

Дијагноза на дехидрација ја поставува лекар. Но, родителите може да ја забележат оваа појава според постоење на следните знаци: појава на чувство и изглед на сува и леплива уста, пропаднати очи, детето нема солзи додека плаче, намалено мокрење, урината е темна, во тек на 6 часа нема ниту една помочана пелена или пак во рок од 24 часа има помалку од 6 помочани пелени.

Што да правите кога детето е дехидрирано?

Со орална рехидрација треба да се започне што побрзо - ORS треба да се даде веднаш штом започнат симптоми на акутна дијареа со цел да се спречат компликациите.

Целта е да се спроведе брза перорална рехидрација во период од 3-4 часа, и што побрзо да се воспостави нормална исхрана.

Ако бебето продолжи да губи течности, може да дојде до сериозна дехидратација и тогаш е потребна хоспитализација и давање течности преку интравенозна инфузија.

Доењето треба да се продолжи паралелно со додавање на DiarinoORS кој во составот има пробиотик Saccharomyces boulardii. Тој е идеална комбинација на електролити со кои се надоместуваат изгубените течности, а во исто време се делува на најчестите причинители со пробиотската габа која ја содржи.

Saccharomyces boulardii директно ги разградува бактериските токсини (C.difficile toksini A и B)

· Има антимикробно дејство;

· Директно го инхибира растот на патогените (Candida albicans,  Salmonella typhumurum).

Ги сочувува меѓуклеточните дејства

·Делува како Имуномодулатор;

· Ја зголемува концентрацијата на IgA (противвоспалително дејство);

·Ја опоравувана нормалната цревна микрофлора.

Како заклучок може да се каже дека при дехидратација особено кај мали деца е добро да се делува пред да настапи дехидратација со превземање на мерки и давање на доволно течности и орални рехидратациски раствори од типот на Diarino ORS.

Д-р Султана Асани – педијатар   

* ПР - објава

фото: freepik.com