Осмо светско чудо: Кривата кула во Далас- ни динамит не ја сруши
Тексас ја доби својата крива кула откако не успеа обид на минерите да урнат објект во Далас. Тие се обидоа да разнесат канцелариска зграда, меѓутоа, централниот дел му се спротивстави на динамитот и зградата остана гордо исправена, иако малку заоблена, како познатата кула во Пиза.
Минерите инсталирале динамит во 11-катна зграда со намера да јасрамнат со земја. Сè помина како што беше планирано, а потоа, од чадот облак, остана да ѕиркасредниот дел на зградата, скоро недопрена.
Во овој централен дел од зградата се наоѓаат лифтови и скали
и сите коментираат дека ова може да биде најбезбедно место на планетата во
случај на силен земјотрес.
Потоа, беа испратени дополнителни тимови со багери за
уривање на објектот, но тој продолжи да стои гордо.
Кривата кула сега ги восхитува минувачите, а властите соопштија дека зградата ќе биде срушена по старомоден пат – со челична топка.
Фотографиите веќе кружат на социјалните мрежи на кои се гледа како „туристите“ позираат во близина на кривата кула во Далас.