ОСУМ ЗНАЦИ ДЕКА ЌЕ СТАНЕТЕ БОГАТИ: Се верува во изобилство ако го видите ова!
Сакате да живеете во богатство и изобилие, но среќата никако не е на ваша страна? Ако често ги среќавате и гледате овие работи наскоро ќе ви се исполни желбата ...
Ако работите на тоа да манифестирате живот во изобилие, можеби се прашувате како ќе знаете дека вашиот труд ќе биде награден. Добрата вест е дека постојат одредени „предавнички“ знаци кои укажуваат на тоа дека ви пристигаат пари, а многу од следните осум знаци, датираат од дамнешни времиња, посебно од фенг шуи традицијата.
Освен тоа, овие знаци може да ви помогнат да процените кога е корисно да се одлучите на финансиско вложување или да се сконцентрирате на нов маркетигшки потфат.
1. Често го гледате бројот 8
Историски гледано, бројот 8 секогаш бил многу значаен. На пример, во Кина тоа е еден од најсреќните броеви и тесно е поврзан со среќа. Интересно е што бројот 8 има целосно симетричен облик и симболизира рамнотежа. Ако го проверите датумот 08/08/08 , ќе видите дека огромен број луѓе одлучиле да се венчаат во Кина на тој ден, а куќите кои во адресата имаат 8 се често барани. Значи, ако почнете секаде да го гледате бројот 8 (адреси, телефонски броеви, табели), можно е наскоро да ве очекува добивка.
2. Добивате пари на одредени денови
Според фенг шуи, ако добивавте некакви пари (без разлика дали е подарок или добивка) на одреден ден, тогаш можете да очекувате уште повеќе пари во наредните недели и месеци. Имено, ако добивате пари првиот ден од нова месечина или за време на полна месечина, можно е да имате повеќе изобилство во својот живот. Можете дури да ја користите оваа симболика во своите креативни визуелизации, замислувајќи како ги добивате сите пари кои секогаш ги сакавте додека Месечината ви е над глава.
3.Очекувате бебе
Древна кинеска наука тврди дека кога сте бремени , вие исто така носите среќа во вас. Оттаму потекнува старото верување дека е лоша среќата да се кладите против бремена жена кога се коцкате! Некои велат дека може да привлечете финансиска добивка во својот живот само затоа што сте во близина на трудница. Значи, ако вашиот партнер, пријател или сестра очекуваат бебе, нешто од таа среќа може да се прошири на вас.
4. Инсекти ја посетуваат вашата куќа
Секако, повеќето од вас и не сакаат да пронајдат бубачка во куќата, но кафени инсекти (посебно скакулци и пајаци) се симбол на надоаѓачка среќа во Тринидад. Луѓето понекогаш држат во кафези штурци во Кина поради својата поврзаност со среќата. Ширум светот се верува дека пеперутките во темна боја укажуваат на претстојни позитивни вести за својата кариера, што обично се изедначува со добри вести за зголемување на плата.
5. Во вашето кафе се направиле меурчиња
Тоа е помалку чудно, но постои верување кое кажува дека луѓето кои видат меурчиња на површината на своето кафе ќе уживаат во позитивна промена на среќата-затоа фрлете око на површината следниот пат пред да го испиете. За разлика од тоа, Канаѓаните велат дека е релевантен знак кога сте во можност да фатите цело меурче а да не се распрсне.
6. Имате многу ситни парички
Ако имате полно парички (на пр. во голема тегла) , можете да привлечете поголеми количини пари во животот. Според фенг шуи , ако ги чувате парите во кујната, тоа веројатно ќе ви помогне да стекнете финансиско изобилство, додека руско суеверие тврди дека ќе привлечете големи суми пари ако ги чувате паричките во ормар или во кесички секаде во куќата.
7. Имате непријатна средба со птица
Можете да се чуствувате како цел ден да ви е уништен доколку птица одлучи да се олесни над вашата глава, но таа средба со птицата всушност би требало да значи дека ќе добиете повеќе пари во блиска иднина. Значи, доколку средбата со птица заврши така што ќе ви се олесни врз глава, обидете се да ја гледате светлата страна на тоа!
8. Вашите иницијали се во пајажина
Ова е многу специфичен знак дека ви пристигнуваат пари, а не е веројатно дека тоа ќе го видите често, но ако видите имајте на ум! Многу е раширено верувањето дека ќе имате среќа ако ги видите своите иницијали во пајажина.
Се што сакате ќе привлечете со малку труд (слично како што пајакот го привлекува својот плен) - без разлика дали сонувате за пари, успех или за нешто сосема друго.