Отишол на преглед во болница, а потоа изчезнал без трага: Два дена бил заробен без храна и вода, се збогувал со животот!
Равиндран Наир (59) во саботата попладне отишол на рутинска контрола во болница, но не се вратил дома
Тој бил пронајден дури во понеделникот, заробен во расипан лифт, исплашен и дехидриран.
Инцидентот се случил во јужната индиска држава Керала, а овој настан го привлече вниманието на светските медиуми.
Наир го раскажал своето ужасно искуство, вклучувајќи го и моментот кога, не знаејќи дали ќе преживее, напишал проштално писмо до семејството.
Се обидел со се‘да се ослободи, но успеал само да ја отвори вратата од лифтот и да види ѕид, поради што бесно шутнал во него.
По некое време, рацете и нозете почнале да му трнеат. Тој се обидел да ѝ се јави на сопругата Срелеха, која работи во болницата, но безуспешно.
Наир сфатил дека треба да зема лекови за крвен притисок, но не можел да ги голтне бидејќи немал вода, а устата му била сува од повикот за помош.
Бил многу загрижен за семејството, особено за децата, доколку нешто му се случи. Го изгубил чувството за времето, не знаел дали е ден или ноќ.
Кога се уморил, спиел во еден агол од лифтот, а другиот агол го искористил за да се олесни. Единственото нешто што го смирувало е рецитирањето стихови напишани од неговата сопруга.
Спасувачите по 42 часа, го пронашле во понеделник наутро.
Операторот ја отворил вратата од лифтот и го замоли да излезе надвор. Оттогаш на лифтот е објавено известување дека не е во функција.
Фото: freepik
Извор: ало.рс