Откриена тајната на нивната долговечност: Амишите се едни од најздравите народи

фото:pinterest

Истражувањата покажуваат дека откриена е генетска мутација кај амишите, што ги прави долговечни.

Луѓето кои носат една копија од нефункционалниот ген SERPINE1 во просек живеат подолго од другите членови на нивната заедница, покажа истражувањето.

Научниците испитувале членови на амишите во Индијана. Тие генерално ги избегнуваат пронајдоците на современото општество, како што се електрична енергија, автомобили, но и модерна медицина.

„Тие генерално не ја искористуваат модерната медицина, па фактот дека живеат во просек 85 години е навистина зачудувачки“, вели д-р Даглас Вон, кардиоваскуларен специјалист, кој е еден од авторите на студијата.

Од 177 тестирани лица, 43 ја имале оваа мутација.

Стареењето е еден од најпредизвикувачките биолошки процеси што треба да се разбере, па наоѓањето мутација што има толку драматичен ефект е многу невообичаено.

„Постои огромен предизвик во идентификувањето на долговечните генетски предиктори“, рече д-р Вон.

Мутацијата SERPINE1 е поврзана со многу симптоми на стареење на молекуларно, клеточно и хормонално ниво.Во принцип, слична мутација се јавува еднаш во 70.000 случаи.

Фактот дека Амишите се генерално генетски поповрзани од пошироката популација, благодарение на нивните изолирани заедници, може да ја објасни релативната распространетост на мутацијата SERPINE1.

„Гледањето на уникатни популации како ова може да биде поинформативно од широките генетски студии кај нормалните популации“, рече тој.

извор:balkanespress.com