Забава // Занимливости
                    
                    
                
                
                OTКРИЕНИ СЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕЦЕНИИ: Ова се најновите острови на светот
- 10 Февруари, 2020 22:17
 
                    Во последните неколку децении во океаните се откриени неколку острови.
Хунга Хапаи, Тонга

Повеќе од месец дена во 2015 година вулкан исфрлаше пепел и лава во воздух во Пацификот. Во областа „Огнен прстен“ се формирал нов остров со површина од 1.55 квадратни км. 
Јадид и Шолан во Јемен
Тие се појавиле меѓу 2011 и 2013 година во Црвеното море во архипелагот Зубаир меѓу Африка и Арапските острови. Научниците сметаат дека со тектонски активности се појавиле овие два острови.
Нишиношима, Јапонија
Овој остров се појавил пред 6 години во Пацификот. Pораснал 12 пати во однос на првичната површина.
Залзала Кох во Пакистан

По силен земјотрес од 7.8 степени се појавил овој остров. Површината на островот е покриена со кал, песок и дрва.
 
                     
                 
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                            