Ова е џебен часовник: Ама... џебот ќе ви изгори од неговата цена и дијамантите

Мистериозни, уникатни креации, особено ако тие носат со себе елемент на забава

Нарачаниот часовник Audemars Piguet украсен со скапоцени камења со темата Бетмен, штотуку се појави во продажната понуда на страницата 1st Dibs, поставена од галеријата Мејфер - дилер на антиквитети и уметност со седиште во Лондон. За овој џебен часовник се знае многу малку, па неговото потекло и оригиналниот сопственик кој го нарачал неговото производство се уште ни се непознати.  Часовникот кој беше наречен Audemars Piguet Batman Night and Day, беше создаден како уникатен подарок, а според наводите, неговата оригинална цена била 970 000 долари.

Предниот капак на куќиштето создаден од 18 каратно злато го претставува денот, додека задниот дел ја претставува ноќта, со полумесечина и жолти сафири. Дневните и ноќните сцени се создаваат со употреба на скапоцени камења и изгледаат навистина неверојатно. Всушност, скоро 1.600 дијаманти и сафири биле искористени за да се создадат сцени на надворешните делови на овој модел, на лицето на часовникот и на неговата основа.

Круната на часовникот го доби сафирот Кабохон како главен декор, беше врежан и нагласен со дијаманти. Кружниот бисер е украсен со сини сафири и бели дијаманти, додека на спротивната страна има уникатна композиција која се состои од знакот Бетмен наспроти синото емајлирано ноќно небо опкружено со sвезди.

Ако го сакате овој Бетмен часовник, подгответе 498 228 долари