Ова е вистинското лице од блиску на Роналдо: Ни ботокс, ни филер- старее достоинствено

Вистина е дека годините се само бројки, но во секое животно доба изгледаме различно. кај некои тоа се забележува драстично, а некои стареат поспоро. Со денешната естетска хирургија критериумите се изместија, но видливите знаци на стареење може да се ублажат, не и да изчезнат целосно.

За фудбалската легенда кристијано Роналдо кружеа секакви гласини- дека ставил ботокс на лицето, дека користи филери, дека го намалил носот, па дури и дека го зголемил пенисот.

Тој сега моментално е актуелен на Европското фудбалско првенство кое се одржува во Германија. Секако, ги брани боите на Португалија, неговата родна земја која се пласира во понатамошните натпреварувања.

Роналдо има 39 години, а тоа за фудбалот се смета како залез на кариера. Но тој не се откажува. На последните фотки од УЕФА е сликан од блиску. Сепак на неговото лице се познаваат годините и со тоа ги побива скоро сите коментари околу неговиот „ботоксиран“ изглед.

Погледнете