ОВА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Аеродромите и летовите ќе бидат ПАРАЛИЗИРАНИ

„Не добивме доволна понуда“

Пилотите на германската авиокомпанија Луфтханза најавија штрајк за утре.

Луфтханза соопшти дека ќе ги откаже „речиси сите“ летови поради штрајкот.

Синдикатот на пилоти „Vereinigung Cockpit“ бара зголемување на платите за 5,5% оваа година за повеќе од 5.000 пилоти. Сепак, како што соопштија од синдикатот, преговорите пропаднале.

„Не добивме доволна понуда“, изјави портпаролот на ВЦ, Матијас Баер. Штрајкот ќе влијае и на патничките и на товарните летови.

Најавата за пилотски штрајк доаѓа откако претходно гласаа за штрајк и евтините пилоти на „Еуровингс“ на Луфтханза. Тие, сепак, прво сакаат да ги продолжат преговорите за плата со нивниот работодавец.


Фото: Youtube - screenshoot