ОВДЕ РАБОТАТ ПОВЕЌЕ ОД 360 ИЛЈАДИ БАЛКАНЦИ, А НАЈВИСОКАТА ПЛАТА ОДИ ДО 10.000 ЕВРА! Еве ги најплатените работни места и кој најдобро поминува
Австрија е ветената земја за многу луѓе од Балканот. Позната е по високиот стандард, стабилната економија и квалитетните работни услови и затоа привлекува голем број работници од целиот свет. Се проценува дека во Австрија живеат и работат повеќе од 360.000 луѓе од поранешна Југославија.
Најголем број од нив во Австрија се занимаваат со занаетчиство, медицина, угостителство, но има и такви кои работат во ИТ индустријата. Доколку се прашувавте колкави се платите во оваа популарна земја, во продолжение прочитајте како се движат бруто платите на најбараните професии.
Плати на медицински работници во Австрија
Австрија има еден од најдобрите здравствени системи во Европа, што се одразува на нивото на платите и општите услови за работа во овој сектор. Платите на медицинските работници во Австрија се на завидно ниво и се неколкукратно повисоки отколку во балканските земји.
Најниска плата во оваа област имаат возачите на Брзата помош која е околу 2.400 евра. Веднаш ги следат масери, кои се платени по 2.600 евра, а 2.900 одат кај нутриционистите. Радиолозите месецот го завршуваат со 3.200 евра, фармацевтите со 3.800, а стоматолозите се платени 4.500 евра. Најплатени се анестезиолозите, чии месечни примања се 5.200 евра.
Продолжува на фактор.мк