Овој град е во приватна сопственост, во него живеат само белци и економијата цвета: Која е тајната на Оранија?

Остварувајќи автономен статус според уставот по апартхејдот, тие создадоа град во приватна сопственост во кој досега се прифаќаа само бели жители.
Од далечина, Оранија изгледа како секој друг мал град во рурална Јужна Африка. Меѓутоа, оние кои го посетуваат веднаш забележуваат само едно - сите луѓе овде се белци.
Во земја каде работниците со темна кожа обично вршат најтешка работа во богатите области, овде белците ги чистат подовите во супермаркетите, работат со дувалки за лисја и берат ореви на фармите.
Жителите на Оранија се 100 отсто бели, во држава која прогласи крај на расната сегрегација.
Историјата на ова несовпаѓање датира од 1991 година, кога апартхејдот беше на „смртна мака“. Белите Африканци, потомци на холандските колонизатори од 17 век, купија 8.000 хектари земја на брегот на реката Оринџ, во ретко населениот регион Каро.
Остварувајќи автономен статус според уставот по апартхејдот, тие создадоа град во приватна сопственост во кој досега беа прифаќани само бели жители.
Денес, населението на Оранија порасна речиси 10 пати, достигнувајќи околу 2.500, а нејзината економија е во подем.
Куќите во холандски стил во стариот Кејп „се натпреваруваат“ со модерни градски куќи, разделени со ниски ѕидови или без нив, но со уредени градини. Децата возат велосипеди, а возрасните слободно трчаат по чистите улици.
Мали портокалово-бело-сини знамиња, боите на Јужна Африка под апартхејд, се веат на попладневниот ветер на градилиштата.
Жителите се чувствителни на обвинувањата дека се расисти. Тие инсистираат на тоа дека не се носталгичари на апартхејдот, туку заедница која бара „слобода со одговорност“.
Ова, според нив, значи заедница која се грижи за своите работи, далеку од криминалот, ограничувањата за електрична енергија, нефункционалната локална власт и другите проблеми што ја мачат Јужна Африка.
- Луѓето ја гледаат Оранија и можеби гледаат дека нема работници со темна кожа и нивната прва мисла е: „да, ова се расисти“, но тоа не е така - тврди Вајнанд Бошоф (52), жител на Оранија.
Во богатите области каде било во Јужна Африка, тешка физичка работа се врши исклучиво од Африканци со темна кожа. Сепак, Оранија вели дека раскрстила со колонијалните и работните навики од ерата на апартхејдот.
- Се правиме сами, од средување на градината до средување на куќите. Сами ги градиме бањите, сè - вели портпаролот Јост Стирдом.
Оранија, рече тој, е единствената заедница што го избегнува „системот на евтина црна работна сила“.
Автономија
Според јужноафриканскиот устав, Оранија има право на самоопределување и работи автономно од централната влада.
Таа има своја валута.
Градот исто така се обидува да биде енергетски независен, користејќи соларни панели, додека другите делови главно користат јаглен, а целата земја е потресена од тешка енергетска криза.
Потенцијалните жители се проверуваат и не смеат да имаат криминално досие.
- Тоа е како склучување брак - вели Стридом (28), кој е роден во југоисточната провинција КваЗулу-Натал.
Идните жители мора „да ги споделат сите вредности и да се посветат на целите на градот“, вели тој, додавајќи дека Оранија не е расистички град, ниту обид за враќање на апартхејдот.
Бошоф тврди дека никој не ги спречува другите Африканци, кои не се белци, да се пријават да живеат во овој град, но, како што истакнува, тоа никој никогаш не го сторил.
Населението на овој град секоја година расте до 17 отсто, а во текот на минатата година бизнис плановите се зголемени за четвртина. Туризмот е еден од главните бизниси на овој град и годишно привлекува околу 10.000 посетители.
Одеднаш, другите заедници забележаа дека имаат што да научат од Оранија. Неодамна, тие дојдоа од етничките групи Цвана и Ксоса во „дипломатска посета“.
Приватните градови како Оранија не се невообичаени, велат експертите. Се верува дека има многу од нив во Јужна Африка.
- Единствената разлика е што тие избраа „етничка и културна припадност“ - тврди Сандил Свана, експерт за локална самоуправа.
Друг град само за африканци, Клајнфонтејн, се наоѓа на околу 30 километри од главниот град на „Виножито нацијата“, Преторија.
Првиот црн претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела, неуморно работеше на помирување на длабоко поделената земја.
Тој ја посети Оранија во 1995 година и пиеше чај со вдовицата на Вервоерд. Белиот чајник од кој пиеле е меѓу сувенирите уредно наредени во скромната бела куќа каде Бетси Вервоерд ги поминала последните години.
Надвор од црквата, Ренси Пизер, 58-годишна поранешна владина работничка која се преселила во Орање од Преторија во декември, рече дека ужива во поголема социјална интеракција со нејзините соседи на улица.
- Тоа е заедница во која можам да се изразам во сопствената култура - рече таа.
Foto: Profimedia