Овој ноември Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка кампања

Како дел од својата посветеност за постојано подобрување на куповното искуство, ТИНЕКС, заедно со својата мрежа на КОНТО маркети, постојано инвестира во технологија и модерни продажни формати, воведувајќи најсовремени решенија за брзо, практично и иновативно пазарување.

Во таа насока, Тинекс во соработка со Mastercard ја реализира новата кампања што има за цел да ги поттикне потрошувачите да ги користат касите за самонаплата и да уживаат во побрзо, поудобно и безконтактно плаќање.

Со секое плаќање со Mastercard дебитна или кредитна картичка, на касите за самонаплата во одбраните маркети на ТИНЕКС и сите Конто маркети, корисниците добиваат можност да остворат поврат на средства (кешбек).

Како да добиете cashback?

  1. Пазарувајте со Mastercard на самонаплатна каса во одбраните маркети на ТИНЕКС или во некој од Конто маркетите.
  2. Направете најмалку четири трансакции во текот на кампањата, со вкупна вредност од најмалку 6.000 денари.
  3. Добијте поврат на средства од 10%, односно 600 денари cashback!

За поголема вредност на купувањето, износот на повратот се зголемува пропорционално – што повеќе пазарувате, толку поголем поврат добивате!

Кампањата се спроведува во одбрани Тинекс маркети низ Скопје, Битола, Охрид и Куманово и во сите Конто маркети, каде што се достапни касите за самонаплата. На овој начин, Тинекс и Mastercard им овозможуваат на потрошувачите да ја искусат предноста на модерното пазарување – без редици, без готовина и со вреден поврат на средствата.

Повеќе информации за кампањата и за локациите со каси за самонаплата се достапни на веб-страниците и социјалните мрежи на Тинекс и Конто.

Тинекс: https://www.tinex.com.mk/mastercard

Конто: https://www.kontomarket.com.mk/mastercard

ПР објава