Патување? Реновирање? Нов велосипед? – Оствари го посакуваното со потрошувачкиот кредит на Халкбанк
Сакате да отпатувате некаде или да смените некои работи во станот. Можеби сакате да купите возило или убав велосипед. А немате доволно средства. Вистинско решение е потрошувачкиот кредит со животно осигурување и осигурување од незгода од Халкбанк АД Скопје со кој можете веднаш да ги остварите вашите желби и полесно да ја испланирате својата иднина. Рокот на отплата е до 10 години, максималниот износ кој можете да го добиете е до 1.500.000 денари.
Овој кредит е со исклучително поволни услови - со каматна стапка од 5% фиксна за првата година, 5,5% фиксна за втората година, за останатиот период е варијабилна (5,25 пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 1,25%) и со ниска стапка на вкупни трошоци (СВТ). Висината на СВТ инаку зависи од износот на кредитот, рокот за негово враќање, износот на трошоците вклучени во пресметката, висината на договорната каматна стапка и износот на полисата за животно осигурување и полисата од незгода.
Кај овој производ провизијата за обработка е 0%, а провизија не е предвидена ниту за предвремена отплата на кредитот. Единствен трошок се 150 денари за апликација и 350 денари за проверка во Кредитно биро кои се наплаќаат само за одобрен кредит и тоа пред исплата на одобрените средства.
Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк е ненаменски и може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање постојни кредити во други банки. Токму затоа, исполнете ги сите ваши желби и потреби лесно и едноставно со потрошувачкиот кредит од Халкбанк.
ПР објава