Пентагон објави чудни детали за НЛО: Материјал кој се враќа во првобитната форма откако е преклопен или деформиран

Американскиот Пентагон призна дека пронашол остатоци од НЛО, како и дека извршил тестови на одредени „футуристички“ материјали, тврди самопрогласениот експерт за НЛО Тони Брагаja, кој подолго време ги истражувал овие појави, пренесуваат медиумите.

Брагаjа тврди дека документите што Пентагон ги стави на располагање според Американската регулатива за слободен пристап до информации (ФОИА), всушност се поврзани со парчиња метал пронајдени на местото на несреќата на НЛО во Росвел уште во 1947 година.

Како што вели, во документите што биле во негови раце само три години откако побарал пристап од Министерството за одбрана на САД, пишува „за материјали што се цел квантен скок над моментално познатата и достапна технологија на човештвото“, пренесува порталот Зимо.

На својата веб-страница, Брагаja сподели и линкови до сите одговори што ги добил од американската воена разузнавачка агенција (ДИА).

Во писмото од 8 јануари оваа година, тој доби само делумен одговор на барањето за пристап до сите информации за резултатите од тестовите на материјалот од „Бигелоу Аероспејс“.

Според документите до кои добил пристап, тој исто така наведува дека овие материјали може да имаат моќ да направат други работи невидливи, или да ја „компромитираат“ електромагнетната енергија, па дури и да ја „забават брзината на светлината“.

Во неговите белешки се споменуваат и наводните 40 сведоци кои тврдат дека материјалот сличен на метал, кој бил пронајден на местото на несреќата на НЛО во Росвел, се враќа во првобитната форма откако е преклопен или деформиран.

Извор: Крстарица