Перо Антиќ за првпат јавно проговори за разводот: Има и нова љубов
Татко е на три деца. Зад себе го има бракот со Ружица за кој првпат прозборе во јавноста: Подобро добар развод од лош брак. Не беше лесно да им објасниме на децата. Но, тие се најважни и тоа не може ништо да го смени“, вели Перо, кој купил стан во близина на поранешната жена за да може постојано да биде со децата. Во интервјуто за Репортер, прозборе првпат и за новата љубов. „Навистина сум среќен“, открива Антиќ.
Во интервјуто зборува и за времињата во НБА, „Црвена ѕвезда“ и успесите на кои најмногу се гордее.
„Кога почнав да играм кошарка, Марин Докузовски ме избрка од првиот тренинг затоа што сум доцнел. Тогаш по 80 деца како лубеници нè избираа кој го бидува а кој не. Еден ден стигнав да играм во НБА, ама она што го направивме со Македонската репрезентација во 2011 е нешто на кое најмногу се гордеам. И тогаш го истетовирав македонското знаме на градите“, вели Перо Антиќ, чија кошаркарска приказна му донесе сешто во животот.