Спорт // Спорт
Пике емотивно: Тука се родив, тука ќе умрам...(ВИДЕО)
Жерард Пике ја заврши својата фудбалска кариера, го одигра последниот натпревар за Барселона.
Легендарниот играч на Барса, на последниот меч играше до 84 минута, а потоа заврши на рацете на своите соиграчи.
Пике емотивно говореше откако стави точка на својата кариера.
„Сакам да им се заблагодарам на сите, соиграчите, стручниот штаб и клубот. Понекогаш љубовта се искажува со заминување. Мојот дедо ме зачлени во клубот на денот кога сум се родил, тука сум роден, тука и ќе умрам. Ќе се вратам“ рече Пике.
Жерар Пике е производ на славната Ла Масија, играше за Јунајтед во Англија, а за Барселона од 2008 година запиша 615 натпревари во сите конкуренции.
https://youtu.be/2KBs5UImwmM