Пилотка за прв пат превезеуваше посебен патник: Видео од летот го расплака светот
Трогателно видео од жена пилот која го сними емотивниот момент кога нејзината мајка се качи во авионот што го пилотираше таа за прв пат стана вирално.
Видеото го објави Сидни Реј, канадска жена пилот со британско државјанство и адреса во Лондон, и ја прикажува пред вратата од авионот како ја поздравува својата мајка, која возбудено танцува додека таа се приближува.
„Моментот кога мајка ми се качи на лет со мене за прв пат“, напиша таа во описот на видеото, кое е прегледано повеќе од 440.000 пати.
Специјален лет за мајка и ќерка
Сидни откри дека лета за британската нискобуџетна авиокомпанија „ИзиЏет“ од ноември 2024 година и дека ќе започне со обука во 2022 година.
„Никој од нас не беше нервозен за летот, само бевме превозбудени. Им објавив на патниците дека мајка ми лета со нас, а некои од нив аплаудираа“, рече таа.Историскиот лет беше од аеродромот Гетвик во Лондон (LGW) до Белфаст (BHD) и се претвори во посебно патување за мајка и ќерка.
„Тоа беше нејзиниот прв лет со мене... ја поминавме ноќта таму за мама и јас да можеме да го истражиме градот, да излеземе на вечера, а таа остана кај мене во хотелот. Се вративме следниот ден“, додаде таа.
„Таа ме расплака“
Корисниците на TikTok го изразија своето восхитување во коментарите и ги споделија емоциите што ги предизвикал моментот во нив.
„Ова ме расплака! Честитки до двете“, напиша еден корисник.
Други ја пофалија вистинската радост: „Ова е прекрасно“, „Многу посебен лет, го обожавам ова“, „Го обожавам ова, мора да сте горда мајка“ и „Ова е најслаткото нешто што некогаш сум го видел“, беа само некои од коментарите.
Фото: Принтскрин/ Тик токИзвор: B92.net