ПЛАТА 1.300 ЕВРА, СЕ БАРААТ МЛАДИ ПОД 30 ГОДИНИ: Хрватска полна со огласи, еве што се бара
Бројот на регистрирани агенции за увоз, вработување и сместување на странски работници во Хрватска надмина 600, но тоа не се единствените канали преку кои странската работна сила пристигнува во оваа земја. Со внесување на термините „работа во Хрватска“ во пребарувањето „ТикТок“, резултатите се илјадници видеа на кои граѓаните ги повикуваат странците да дојдат во „ветената земја“, пренесува Јутарњи лист.
- Итно вработување во Хрватска! Ограничен број на места! Нема интервју за работа!, натписите на видеата се украсени со шарени рамки.
Поголемиот дел од снимките се на толку лош англиски што е невозможно да се утврди дали се работи за англиски или некој азиски дијалект со случајно слушање. Но, има и такви кои доста течно комуницираат за кои работни места се бараат работници, какво е работното време, колкава е платата и слично.
Целата вест прочитајте ја на Фактор.