Спорт // Спорт
ПМФЛ: Тиквеш бара „чудо“ на Чаир против Шкупи
Денес се играат четири средби од 12 коло во ПМФЛ, без класично дерби, а лидерот Струга ТЛ гостува кај Победа во Прилеп.
Интересно се очекува да биде е на средбата во Скопје, гостува Тиквеш кај Шкупи со две победи на последните два меча во првенството.
Шкендија е апсолутен фаворит на Железарница против Скопје, додека Работнички го пречекува тимот на Силекс кој е големо изненадување сезонава, сите средби започнуваат во 14 часот.
Двојки 12 коло:
Шкупи-Тиквеш
Скопје – Шкендија
Победа – Струга ТЛ
Работнички – Силекс
Вчера:
Брегалница – Академија Пандев 1-0