Победник е оној кој знае да сонува и од сонот да не се откажува: Цитати за секојдневна мотивација од Нелсон Мандела
За Нелсон Мандела се вели дека е еден од последните вистински херои и „претседател на светот“. Тој станал првиот црнец претседател на Јужноафриканската република, поборник за човековите права, правата на црнците и против репресивниот режим на апартехејдот.
Тој и самиот за себе велел дека станал лидер поради необичните околности.
Прочитајте дел од неговите најголеми цитати, ќе ве охрабрат и ќе бидат ваша секојдневна мотивација:
„Победник е оној кој знае да сонува и од сонот да не се откажува.“
„Научив дека храброста не е недостиг на страв, туку победа над него. Храбриот човек не е оној кој не се плаши, туку оној кој му се спротивставува на стравот.“
„Секогаш нешто изгледа невозможно, додека не биде направено.“
„Нема ништо подобро од тоа да се вратиш на место кое те потсетува на твоите почетоци за да откриеш колку далеку си стигнал.“
„Знаењето е најмоќното оружје кое може да го промени светот“
„Храбриот човек не се плаши да прости.“
„Најголемата моќ во животот не е да се трудиш да не паднеш, туку после секое паѓање да знаеш повторно да се издигнеш.“
„Ако дозволиме нашата светлина да биде видена, тогаш на некој начин и на другите им даваме шанса да го направат истото.“
„Она што го научив во текот на животните борби и спротивставувања е дека не можам да ги променам другите, додека не се сменам јас.“
„Јас не сум оптимист, туку голем верник во надежта.“Можеби ќе ве интересира:
Ќе му дадам понуда која тој нема да може да ја одбие: Најмоќните цитати од трилогијата „Кум“