Слика која оригинална е направена во Кина и на која се гледа како медицински персонал сссе поклонува кон болнички кревет на кој очигледно има мртов пациент кружи денеска на социјалните мрежи. Со оваа фотографија наши граѓани и изразуваат почит на Емилија Динева, жената чие семесјтво одлучи нејзиното срце да бид едонирано по нејзината смрт.
Динева и нејзиното семејство спасија три животи, затоа што освен срцето беа донирани и нејзините два бубрега и тие заслужуваат многу. За тоа благодари и цел медицински персонал. Сепак фотографијата која се споделува едноставно не е во Македонија, на болничкиот кревет не лежи Динева.
Оваа фотографија е од Кина и тоа се дознава со десеен клик на истата. на гугл има и повеќе фотографии од истата болничка соба во земјата во Азија, далеку од Скопје.
A.T.