Почнува вториот циклус на студентската програма Smart Start
Македонски Телеком денес ги отвори вратите за 24 студенти кои беа избрани на Smart Start програмата за професионален развој. Во текот на наредната година тие ќе работат со своите ментори, врвни професионалци, на проекти од повеќе области поврзани со дигиталната трансформација како: техника, ИТ, финасии, маркетинг, е-бизнис, комуникации, аналитика на податоци, управување со производи и слично.
Програмата нуди извонредни можности и отвора простор за развој на студентите кои ќе создаваат напредни дигитални услуги со врвна технологија, а ќе учат и агилно работење и дизајнерско размислување, коишто се високо ценети на пазарот на трудот.
„Со Smart Start им даваме шанса на младите да растат и да се развиваат во интернационална компанија, а од друга страна нашата компанија добива талентирани кадри со нова енергија и ентузијазам. Одиме во чекор со новото време, кон дигитална трансформација, заедно со новите таленти и нашите искусни професионалци“ – истакна Ставрос Георгакопулос, лидер за вработени и трансформација во Македонски Телеком.
Ова е втор циклус на Smart Start програмата, која почна во 2021 година, кога 28 студенти успешно реализираа 11 проекти, а 17 од нив станаа дел од тимот и продолжија со работа во Телеком.И наредната година, младите ќе имаат можност да го почувствуваат ритамот на работа во компанија којашто е лидер во својата индустрија и да ја почнат својата кариера во Телеком.
Повеќе информации на следниот линк.ПР објава