Подготвени за училиште со „Литература.мк“

За среќен и успешен почеток на новата учебна година, книжарниците „Литература.мк“ ја почнуваат продажната акција „Подготвени за училиште“, која ќе трае од 15 август до 10 септември. Во понудата се попусти до 30 отсто на селектирани производи за училиште од повеќе брендови. На намалување до 30 отсто се ранците од Herschel – глобалниот бренд за ранци и други додатоци за секојдневна употреба, со препознатлив безвременски дизајн.
Со попусти до 30 отсто се ранци, чанти и паричници од популарниот бренд FUNKO со мотиви од препознатливите ликови од цртаните на „Дизни“, „Војна на ѕвездите“, „Сајнфилд“, „Спејс Џем“, „ДС Комикс“, „Мини Маус“, „Чарли и фабриката за чоколада“ и друго. До 30 % намалување има и на ранци, несесери, паричници, капи и маици со популарни ликови од стриповите и цртаните  (Спајдермен, Бетмен, Мики Маус, „Војна на ѕвездите“,  „Фроузен“,  LOL) од Cerda. Исто така, до 30 проценти попуст има и на ранци, чанти, кутија за ручек и друго од брендот POLO.
Омилените ранци на средношколците и студентите, од врвниот европски бренд YKRA се на 20 отсто попуст.  
Во продажната акција има и до 30 отсто попусти на училишни материјали од брендот Giotto (фломластери, лепило и друго). Блокчињата, како и тетратките и тефтерите со мек и тврд повез од Skriptie се на намалување до 20 отсто.
Школската опрема се комплетира со едукативните изданија и книгите со активности од „Арс Ламина – публикации“,  кои се на 30 отсто попуст. Во акцијата се вклучени изданијата од серијалите: „Учиме со Софија“, „Сезнајковци“, „Одгатни ме“, „Железница на чувствата“, „Кој каде живее“ и „Умствени вежби“.
Попустите важат и за онлајн-нарачките преку www.literatura.mk.
Во книжарниците на „Литература.мк“ може да се најде сѐ што е потребно за новата учебна година, од гуми до глобуси: ранци, тетратки, школски прибор, едукативни помагала, дидактички прибор, креативни изработки, забавно-едукативни изданија, книги со активности, книги за почетно пишување, сликовници, читанки и лесно читливи лектири. На листата се и збирки задачи по математика, физика, вежбанки за општество, природни науки, македонски јазик и музичко, за основните и за средните училишта.

Во продолжение разгледајте ја целата понуда од продажната акција „Подготвени за училиште“ во „Литература.мк“.
https://www.literatura.mk/proizvodi/popusti


ПР објава