Погледнете каков раскош од куќа се продава во Скопје: Раскошна е и цената

Главниот град има најскапи цени за недвижнини во Македонија. Посебно кога се во прашање станови или куќи. Метар квадратен достигнува и до 2000 евра. Но се‘ зависи од местоположбата на објектот, неговата функционалност, староста, користените материјали и еден куп други нешта. 

Во морето од огласи на сајтовите за недвижнини односно на страницата  Пазар 3, наидовме на една фантастично убава куќа која се продава, а изгледа како раскошна палата како оние во Франција или Америка. 

Куќа од соништата која ќе биде ваша за 790.000 евра, намалена од 890.000 евра. Се наоѓа во елитната населба Злокуќани и е поим за врвна естетика и луксуз.

Еве што пишува во огласот: 

Се продава/издава ексклузивна куќа во Св. Јован Комплекс- Злокуќани. Цена 890,000€.
Куќата е уникатна и се простира на земјиште од 3500 м2 .
Земјиштето (дворот) е совршено уреден со зеленило, вештачко езеро, приватен паркинг кое е во сопственост на куќата .
Ексклузивната куќа е на два ката со вкупна површина од 670 м2 . Првиот кат е составен од голем дневен престој, трпезариски дел, гостински тоалет, остава, кујна и посебен спа дел од 270 м2 со внатрешен базен, џакузи, сауна, туш кабини, тоалет и простор за билјард.
На вториот кат на 200 м2 се стационирани спалните соби. Куќата е сочинета од 3 спални соби и секоја спална соба си има свое купатило и гардеробер.

Извор и фотографии: Пазар3