Понуда од ИутеКредит за одложена отплата на кредитни обврски
Со цел креирање услови за надминување на финансиските потешкотии на своите клиенти предизвикани од пандемијата на COVID-19 и во согласност со новите уредби за функционирање на финансиските друштва за време на вонредна состојба, ИутеКредит Македонија ја објави својата понуда заодложување на обврските за отплата на кредит.
Понудата објавена на веб страната на финансиското друштво, се однесува на сите постоечки корисници со договор за кредит склучен заклучно со 31.03.2020 и кои договори за кредит се во важност, односно до 31.03.2020 не се раскинати или истечени.
Согласно истата, во периодот од 01.04. до 30.06.2020 корисниците на кредит ќе имаат можност да ги отплаќаат месечните рати за април, мај и јуни во висина од 30% од износот на редовниот месечен износ на ратите без да им се пресметуваат и наплатуваат надоместоци, трошоци, провизии и казнени камати.
Периодот на отплата, односно рокот за плаќање на обврските по договорот за кредит се продолжува за 90 дена, а обврските кои ќе настанат по основ на намален износ на месечни рати во периодот 01.04.-30.06.2020, рамномерно ќе се распоредат на останатите рати во текот на исплатата по 30.06.2020 година.
ИутеКредит го задржува правото за прекин на договорите и на оние корисници кои ќе продолжат со нередовно плаќање и по намален износ на рата.
“Ги советуваме сите клиенти кои се во можност редовно да ги подмируваат своите месечни обврски, така и да продолжатво наредниот период. Редовното плаќање на ратите ја намалува изложеноста на зголемување на трошоците, што ја прави поисплатлива од одложување на обврскитеза кредит. Сите оние пак кои навистина имаат потешкотии во подмирување на истите, ги охрабруваме да ги користат поволностите кои се во редовната понуда на ИутеКредит и пред настанување на кризната ситуација.” – советуваат од ИутеКредит.
Понудата важи 10 дена од објавувањето на веб страната на ИутеКредит. Доколку корисниците не ги прифаќаат овие услови заклучно со 19.04.2020, треба да испратат известување согласно наведените инструкции на веб страната, во спротивно истата ќе се смета за прифатена.
Инаку, дел од поволностите кои финансиското друштво ИутеКредит ги нуди за своите клиенти и пред донесување на економските мерки за олеснување на кризата:
- 70% намалување на сите пенали за задоцнувањето со уплата на ратите до 31.03.2020
- Oдложување на рати кое е воведено пред повеќе од 1 година,
ИутеКредит како општествено одговорна компанија останува фокусирана на ублажување и надминување на негативните ефекти кои произлегуваат од пандемијата со COVOD-19 и ги охрабрува сите клиенти да ги користат дигиталните канали за комуникација за сите прашања поврзани со нивната финансиска стабилност.