,

Понуда што не се одбива: Сакате нови заби, а евтино?

Велат дека секој производ си го наоѓа патот до својот купувач. Можеби има вистина во тоа. Без разлика на квалитетот и содржината, луѓето често купуваат секакви нешта кои не им се од голема корист, ама поради добрата маркетиншка кампања, евтината цена и достапноста, сепак плаќаат за нив.

Денес купувањето од фотеља стана реалност и на интернет можете да нарачете се што сакате без да се мачите. Со само еден клик и производот е ваш. Меѓутоа, веќе се почна да се продава на интернет. Целосен увид за квалитетот на производот не можеме да имаме како ни сомнителното потекло.

Интернет продавниците се преплавени со атикли- од игла до локомотива! Токму во повеќето, робата е многу евтина па најчесто можеме да се излажеме и да нарачаме нешто за што одма ќе се покаеме. Нормално, не е секогаш така, но има случаи што укажуваат дека нарачувате едно, ви стигнува нешто сосема друго, или слично на тоа што сте го нарачале, ама ни од далеку не е тоа. 

Во преплавеноста од производи, може да се најдат по малку чудни работи. Ние ви издвоивме неколку, посебно производи за мажи кои се прилично евтини, но за квалитетот нема простор за дискусија. Спектарот е широк, а обратете внимание на производот со број 3:

1. „Гаќи“ за луфтирање


Многу „фенси“ долна облека за мажи. Ем комција, ем кожата може да дише.

2. Трегери за кошула

Потполно исти како женски „подвезици„. Не дека не можат да бидат од корист, ама при прво седнување сигурно ќе се откачат и кошулата нема да биде во посакуваниот облик.

3. Заби за сечии вкус

И тоа го има!. Навлаки за сите типови на заби. За сите заби! Од еден од 32 па и повеќе. Можете да си менувате големини, а ако некоја навлака случајно ви испадне, секогаш можете да ја замените со друга. За само 5 евра комплет.

4. Машки „Пуш ап„

Го ставате производот таму за каде што е наменет и веднаш подруг изглед. Но, тешко дека ќе ги прелажете жените

5. Држач за бричење

Ова би можело да биде од корист. Само што функиционира на образите... Во делот над вратот тешко дека може да се прилагоди

6. „Влакнеста маица“

Тој што ќе се осмели да ја облече, веројтно ќе биде исмеан. Може да послужи само за некој маскембал и за ништо друго.

7. Стомак торбичка

Одвратно е дури и да ја гледате, а камоли да ја носите

8. „Гаќи“ за поткревање на задник

Постојат многу мажи што ги носат, ама и во овој случај не можете да излажете жена.

Небојша Толески