ПОРАДИ ГЛУПАВА ГРЕШКА ИЗГУБИ 24.000 ЕВРА: На лото доби шестка ама не доби пари
Одлучил добитното ливче да го искешира на киоскот со кој сам управува 16 години.
Рајнер Хенинг (71) од Франкфурт го проверил лото ливчето на 6 ноември и сфатил дека погодил шест бројки и дека добивката е 3,2 милиони евра. Но бидејќи во системот на таа игра имало и други победници, тој требало да добие 24.000 евра. На тоа се радувал и самиот Рајнер, но според германските медиуми на крајот не добил ништо. Имено, решил добитното ливче да го искешира на киоскот со кој сам управува веќе 16 години.
- Тоа беше страшен шок за мене. Со тие пари планирав да си ја „одебелам“ пензијата и за две години да го затворам киоскот - вели Рајнер, кој игра лото десет години.
Тој додава дека од лотаријата му било кажано дека не е дозволено да се уплатуваат билети во сопствената продавница, бидејќи тоа е за да се спречи зависност од коцкање.
извор:alo