Поради Мовембер со пешачење го направи најголемиот GPS цртеж на пенис

Велшанецот Тери Розоман, кој во рамките на хуманитарен настан решил да го направи најголемиот GPS цртеж на пенис во рок од 24 часа одејќи пеш, успешно го завршил овој огромен предизвик.

Триесет иосумгодишниот Тери пешачел по патеката во форма на фалус долга повеќе од 120 километри низ магла и темнина, преминувајќи го планинскиот венец Брекон Биконс за да собере пари и да ја покрене свеста за здравствените проблеми на мажите како дел од Мовембер.

Мовембер е добротворна организација која ја подига свеста за потребата од заштита на здравјето на мажите во текот на месец ноември. Фокусот е на здравствените проблеми кои ги погодуваат мажите, како што се ракот на простатата и тестисите, но исто така често се занемаруваат тешкотиите поврзани со нивното ментално здравје и превенцијата од самоубиства. Оваа година движењето слави 21-годишнина.

Розоман патувањето го започна во петокот во 17 часот. Почна од железничката станица Абергавени, а на истото место заврши во саботата околу 16,30 часот.

Тој го опиша овој предизвик како „најтешката работа“ што некогаш ја презел. По крајот, тој на новинарот од агенцијата PA изјави: „Беше апсолутно ужасно… навистина многу тешко…, ова е најтешкото нешто што сум го направил во мојот живот. Тешки 24 часа. Не спиев , трчав низ ноќта, беше крајно темно, не можевме да видиме ни прст пред нас, бидејќи маглата беше многу тешка не уби е тоа што конечно успеав“.

Розоман е директор на маркетинг компанија, а за обликот на фалусот се одлучил за да го привлече вниманието на целната публика – мажите.

Благодарение на неговиот потфат, тој досега собра повеќе од 3.500 фунти од целните вкупно 5.000. Тој им се заблагодари на сите кои му се придружија во предизвикот, како и на луѓето кои донираа пари за неговата акција.

„Благодарност до сите добри луѓе за нивната поддршка, благодарност до сите оние кои трчаа со мене и оние кои донираа пари. Без нив немаше да собереме повеќе од 3.500 фунти“, рече тој.

Розоман се надева дека неговиот потфат ќе ги инспирира мажите да се справат со сопствените проблеми.

Тој рече дека во моментов не е подготвен за уште еден сличен предизвик и дека наместо тоа има намера да ужива во божиќните празници со семејството.

„Ги спакувам килограмите до Божиќ. Нема предизвик и тренинзи. Телото ми се распаѓа и ќе ми требаат неколку недели да се опоравам“, вели Розоман.