Последните зборови пред смртта на познатите: Некои не напуштија прерано
Алфред Хичкок рекол: „Крајот никогаш не се знае. Некој мора да умре за да знае што точно се случува по смртта“, а пејачката Ејми Вајнхаус: „Те сакам мамо“.
Има нешто во тоа што луѓето може да почувствуваат кога им се наближува смртта. Овде се последните реченици на светски познатите луѓе кои поттикнаа многумина да размислат за минливоста на животот:
1. Ричард Хејнман, физичар: Ќе мразев да умрев двапати. Ова умирање е здодевно.
2. Џејмс Браун, пејач: Заминувам вечерва.
3. Томас Едисон, научник: И таму е убаво.
4. Нострадамус, пророк: Нема да ме пронајдете жив в зори.
5. Леонардо да Винчи, изумител, сликар, скулптор: Го навреди Бог и човештвото бидејќи мојата работа не беше толку квалитетна колку што требаше.
6. Боб Марли, пејач: Со парите не можете да купите живот.
7. Чарлс Дарвин, евулутивен теоретичар: Нималку не се плашам да умрам.
8. Август Цезар, римски цар: Рим го пронајдов во кал, а ви го оставам во мермер. Својата улога ја одиграв одлично, играјте ми додека заминувам.
9. Карл Маркс, филозоф: Последните зборува се за будали кои не кажале доволно.
10. Бенјамин Фраклин, изумител, политичар: Умирајќи човек ништо не може да направи лесно.
11. Оскар Вајлд, автор: Моите тапети и јас се бориме во двобојот до смртта. Еден од нас двајца мора да замине.
12. Ејми Вајнхаус, пејачка: Те сакам мамо.
13. Амадеус Моцарт, композитор: Вкусот на смртта е во моите усни. Чувствувам нешто што не е од овој свет.
14. Алфред Хичкок, режисер: Крајот никогаш не се знае. Некој мора да умре за да знае што точно се случува по смртта.
15. Џек Даниел, произведувач на виски: Еден последен пијалок, ве молам.
16. Стив Ирвин (Ловец на крокодили): Без грижа, тие обично не пливаат наназад.