Повторно гори Калифорнија: Евакуација во тек

Не е прв пат оваа американска држава да гори, тоа ѝ се случи и во 2018-та година кога 86 луѓе го загубија животот.

Калифорнија гори и денес. Пожарот првично избил во близина на езерото Хјуз, а потоа се проширил на околу 4 илјади хектари.


Властите наложија евакуација на околу 500 куќи во таа област.

Од локалната противпожарна служба соопштија дека околу 300 пожарникари пристигнале на лице место и се борат за ставање под контрола на големиот пожар.

„Локалната полиција ги евакуира жителите во таа зона“, соопштија тамошните власти.

Во Калифорнија се почесто избиваат шумски пожари од огромни размени, а експертите сметаат дека главна причина за тоа се високите температури, кои пак се последица на глобалното затоплување.