Поздрав од синот додека Манчевски тврди дека платите на администрацијата мора да се намалат (ВИДЕО)
Во овие времиња мора да мислиме, не само на она кој колку зема плата, туку и да покажеме солидараност, истакна синоќа потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, во емисијата „Кликплус“ на ТВ21.
– Намалувањето на платите е една превентивина мерка, за подоцна да можеме побрзо да се вратиме во форма и да ја спасиме економијата, бидејќи без приватниот бизнис нема плата за администрацијата, но и обратно, истакна Манчевски, додавајќи дека навистина ќе требаат сериозни напори за воопшто да се подели таа плата. Со мерките правиме напори, но состојбата е непревидлива и ги немаме сите информации – рече Манчевски, нагласувајќи дека би бил многу среќен доколку кризата заврши за 2-3 месеци, но исто така посочи дека има и други сценарија, да трае многу подолго.
– Во секој случај во оваа приказна сме сите заедно, соочени со сериозна криза, можеби најголема во историјата, и треба да си помагаме и да не ги ставаме личните пред заедничките интереси – истакна Манчевски.
Додека зборуваше он лајн во програмата и син му ги поздрави гледачите