Пред 17 години во мала просторија на Харвард „се роди“ Фејсбук: Колку „тежи“ основачот Марк Цукенберг ?

Фејсбук - водечката социјална мрежа, која исто така е сопственик на популарниот Инстаграм - е основана на 4 февруари 2004 година, пред 17 години

Според сегашните податоци, нето-вредноста на Марк Цукерберг е 123 милијарди долари. Неговата компанија профитираше значително за време на пандемијата, поради мерките за карантин.

Сепак, Цукерберг во последно време често беше „под лупа“ поради начинот на кој Фејсбук и другите компании прават деловни активности.

Да ве потсетиме, на повидок е нова војна меѓу технолошките гиганти. Имено, директорот на Apple ги повика законодавците да ја регулираат работата на Facebook.

Тим Кук рече дека „на технологијата не и требаат огромни складишта на податоци собрани од разни страници и апликации за да успеат на пазарот, бидејќи рекламната индустрија функционира со децении без неа“.

Фото:Tanjug/AP, Pixabay