Префрли плата, фиксирај рата – Новa понуда од Шпаркасе Банка за сите нови приматели на плата
Шпаркасе Банка АД Скопје со нова атрактивна понуда за сите заинтересирани клиенти – „Префли плата, фиксирај рата“. Со оваа уникатна понуда, сите клиенти што ќе ја префрлат својата плата во Шпаркасе Банка, ќе добијат единствена можност да аплицираат за потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит со фиксна и атрактивна каматна стапка на 10 години за рефинансирање на своите обврски или нови потреби.
Во време на зголемена несигурност и растечки тренд на каматните стапки, со воведувањето на понудата за фиксна каматна стапка на 10 години – „Префли плата, фиксирај рата“, Шпаркасе Банка има за цел да им понуди на клиентите прецизно планирање на личните финансии и на месечните трошоци, преку обезбедување фиксна каматна стапка за нивниот кредит за следните десет години.
За да ги дознаете сите поволности што Банката ги нуди со оваа нова понуда, посетете го нашиот веб-сајт на следниот ЛИНК.
Шпаркасе Банка се грижи за финансиското здравје на своите клиенти, верува во иднината и настојува секогаш да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти во актуелното динамично опкружување.
Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, Групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 34 експозитури.
ПР објава