Приказната зад најтажната фотографија на Бритни Спирс: Денес е друга личност, но развод е на повидок

Од моментот кога стана позната личност, Бритни Спирс секогаш имаше папараци во нејзина близина - згора на тоа, многу, мноогу папараци. Тие влијаеле и управувале со нејзиниот живот дури и повеќе отколку што самата можела да замисли во тие денови, а сето тоа кулминира една вечер во 2007 година, кога пејачката ја избричи главата и нападна фотограф со чадор.
Со години ѝ го правеа животот мизерен и ја фотографираа во бројни животни ситуации, а нејзините солзи во Њујорк во 2006-та година сè уште се паметат.
Во тие денови Бритни Спирс престојуваше во хотелот „Риц Карлтон“ и секој ден ја придружуваа дури триста папараци. Пејачката во тоа време беше бремена и се грижеше за нејзиниот осуммесечен син Шон Престон и не ѝ беше до слава и фотографирање, а насловите што ја следеа секоја приказна за неа беа многу непријатни и пресудни. Медиумите анализираа како Спирс го држи своето дете, како оди додека го носи, дали и како го врзала во автомобилот, дали е добра мајка...
Затоа не е изненадувачки што беше овековечен моментот кога пејачката се сопна додека носеше дете во едната рака и чаша во другата рака. Телохранителот ѝ помогнал момчето да не падне, а папараците овој момент го дочекаа лесно. После тоа, Бритни отишла во продавница за играчки, а потоа во блискиот ресторан, каде што седнала, нарачала пијалок со насмевка и - се расплакала.
Папараците го сликаа и овој момент.
После тоа, пејачката отишла во ве-це и ја поправила шминката, а потоа го напуштила ресторанот.
Во следните години се појави гласина дека сопственикот на ресторанот ѝ рекол да влезе во објектот за да се скрие од папараците, а потоа дозволил папараците да ја фотографираат, но тоа никогаш не било потврдено.
Сега, уште еден скандал ја доведе славната пејачка во центарот на вниманието на медиумите
Бритни Спирс и нејзиниот сопруг Сем Асгари наводно решиле да се разделат по една година брак, дознава TMZ.
Двојката се разделила по расправијата што настанала по обвинувањата на Сем за изневерување.
ТМЗ соопшти дека нивните извори тврдат дека Сем се соочил со Бритни за гласините дека таа го изневерувала. Изворот исто така рекол дека Сем се иселил од нивната куќа и сега живее во свое место.
Како што рекол еден од нивните извори, „прашање на време е кога Сем ќе поднесе барање за развод“.