(ФОТО) Технолошките милијардери градат бункери и складираат залихи

Додека јавно се натпреваруваат во развојот на вештачката интелигенција, некои од најмоќните луѓе во Силиконската долина тивко се подготвуваат - за крајот на светот.

Според порталот „Футуризам“, нов бран страв меѓу елитата е предизвикан од трката за доминација во областа на вештачката интелигенција (ВИ).

Се повеќе луѓе веруваат дека неконтролираниот развој на таканаречената општа вештачка интелигенција (АГИ) би можел да предизвика колапс на светскиот поредок.

Меѓу нив се добро познати имиња - Сем Алтман, извршен директор на OpenAI, и Марк Закерберг, основач на Meta. Додека Закерберг, според медиумите, гради „мало засолниште“ од речиси 500 квадратни метри на Хаваи, Алтман е веќе познат по своите „апокалиптични залихи“.

- Се обидувам да не размислувам премногу за тоа. „Но, имам оружје, злато, калиум јодид, антибиотици, батерии, вода, гас-маски на израелската армија и голем имот во Биг Сур каде што можам да летам“, изјави Алтман за „Њујоркер“ во 2016 година.