Природни имуностимуланси против сезонски вирози
Сезоната на вирусни и бактериски инфекции е во полн ек, а погодени се сите старосни групи, од најмладата до најстарата генерација. Факт е дека тие почесто се јавуваат во овој период од годината, кога заради пониските температури повеќе време поминуваме во затворени и затоплени простории каде доаѓаме во контакт со многу други лица и каде условите за развој на микроорганизмите и ширењето на заразата е поголемо. Од друга страна, надвор пак, во овие зимски месеци имаме и најголемо загадување на воздухот кое и тоа како негативно влијае на нашиот имунитет и го олеснува патот и процесот по кој патогените бактерии и вируси ќе предизвикаат некое заболување во нашиот организам. За таа цел, токму во овој период треба најмногу да обрнеме внимание на зајакнувањето на нашиот имунитет. Не можеме да очекуваме дека нашите имунолошки ќелии можеме свесно да ги организираме и да ги пратиме на лов на предизвикувачите на болестите. Имунолошкиот систем има своја логика и свои правила, и ако го запознаеме како што треба, ќе можеме да утврдиме дали истиот дејствува добро или пак барем примерно. Всушност, имунолошкиот систем по правило лошо дејствува заради пореметување кое е возможно да биде отстрането – неадекватна исхрана,стрес, нездрав начин на живот. Правилен став кон себе и своето здравје, добра хигиена, и чувањето на интегритетот на најголемиот имунолошки орган во телото – нашиот дигестивен систем, исхрана богата со витамини, пред се од групата А, Б, Ц, Д, внесување на олигоелементи се од непроценливо значење во превенцијата на инфекциите, односно се фактори кои го подобруваат нашиот имунитет. Општо е познато дека некои витамини и минерали имаат директна улога во поттикнувањети и одржувањето на одбранбените процеси во организмот. Toa пред се се однесува на витаминот Ц и Цинкот кои организмот не ги создава и мора да се внесуваат преку исхраната во доволни количини.
Но,најновите истражувања покажуваат дека всушност клучниот фактор за нашиот имунитет се токму пробиотиците. Тие т.н добри бактерии живеат во нашиот дигестивен систем и се одговорни за нормално одвивање на метаболитичките процеси т.е варењето на храната. Одамна се знае дека нарушувањето на нивната рамнотежа доведува до дигестивни проблеми како дијареа, надуеност, гасови, опстипација итн. Меѓутоа, нивната улога во имунолошкиот систем е докажана дури неодамна и таа подразбира нивно директно учество во процесот на изградба на антителата кои се носители на имунолошкиот одговор. Од многуте пробиотски култури кои го населуваат нашето тело најзначајни се пред се неколку чија улога е и најмногу испитана (B.subtilis I-2745,L. acidophilus LA3, B. animalis ssp. lactis BLC1, L. casei BGP93). За жал мал е бројот на хранливи намирници кои содржат пробиотици, но за среќа денес постојат препарати (додатоци во исхрана) кои се комбинација токму од овие пробиотски култури. Новите генерации на пробиотици се комбинираат и со другите засилувачи на имунитетот, како што се веќе споменатите витамин Ц и цинк. Со тоа, стимулираниот имунолошки систем го спречува влегувањето на патогени и вируси во клетката, ја супримира инфекцијата, а ја стимулира и продукцијата на антитела (IgA) кои се носители на одбранбената способност на организмот. Значи, сите три компоненти (пробиотик, витамин Ц и цинк) се значајни за производство на антитела и се составен дел од структурата и процесите на B и Т лимфоцитите. Дневните потреби на еден здрав организам од витамин Ц изнесуваат 75 – 100 мг, а на Цинкот околу 10 мг. Ваквата комбинација од три природни компоненти може да се каже дека е комплетна и нуди сигурно засилување на имунолошкиот систем.
М-р фарм. Лидија Пешталеска Николоска
* ПР - објава