Приватното здравствено осигурување овозможува лекување во приватни болници по достапни цени

Приватното здравствено осигурување е со поатрактивно за осигурениците, бидејќи кај нив расте свеста за големиот број предности кои ги нуди овој тип на осигурување, вели Ирена Јовковска, соработник за приватно здравствено осигурување во СН Осигурителен брокер АД Битола.

„Најголемата предност е што приватното здравствено осигурување  овозможува лекување во приватни болници по достапни цени. Ова е исклучително важно кога ќе се земе во предвид со какви проблеми се соочуваа граѓаните за време на ковид пандемијата што ги оптовари здравствените институции. Со приватно здравствено осигурување пациентите добиваат брз и лесен пристап до квалитетна здравствена услуга во приватните болници, навремена дијагностика и резултати.“-вели Јовковска, посочувајќи дека пакетот “SN EuroHealth” не само што обезбедува покритие за голем број здравствени ризици, туку има и исклучително поволна цена од само 515 денари месечно.

„Преку овој пакет кој го нуди СН Осигурителен Брокер осигурениците по достапна цена можат да се лекуваат во сите приватни здравствени установи во Македонија и со тоа ќе имаат помали трошоци за здравствени услуги.Полисата за приватно здравствено осигурување обезбедува финансиска стабилност при непредвидени здравствени ситуации.“-посочува таа.

Со приватното здравствено осигурување  се покриваат трошоците за следните здравствени услуги:

-Специјалистички прегледи;

-Основни  дијагностички мерења, снимања;

-Лабораториски анализи и испитувања;

-Амбулантски интервенции;

-Амбулантска рехабилитација;

-Комплексни дијагностички постапки;

-Трошоци за лекови пропишани на розов рецепт над 300ден.

-Дневна болница и дневна хирургија;

-Болничко лекување со хоспитализација до три дена и без оперативен зафат;

-Трошоци во случај на оперативни зафати  во согласност со Листата на операции.

-Дел од стоматолошки интервенции.

„Со приватното здравствено осигурување на СН Осигурителен Брокер “SN EuroHealth” трошоците за лекови се предмет на покритие, односно се што чини над 300 денари и е на розов рецепт е опфатено со овој пакет. Тоа се оние лекови кои што одат на приватно. Со плаќање на месечна симболична цена за приватно осигурување, осигурениците можат да си го олеснат товарот од овие трошоци дури до 70%.“-вели Јовковска.

Подетални информации може да се добијат на веб страната www.snbroker.mk и на телефонските броеви 075 807 225,  075 221 228 и 15 770.

ПР објава