Пробиотици – неопходност при антибиотска терапија

Во денешно време може слободно да се каже дека присуството на голем број антибиотици т.е. нивни групи и подгрупи придонеле да се искоренат голем број на инфекции и болести. Меѓутоа и покрај тоа што се бележи позитивната карактеристика на антибиотиците при нивното делување на одредени патогени, тие на својот пат на делување често пати знаат да предизвикаат и одредени несакани дејства кај пациентот затоа што способноста за селективно делување на „добрите“ и „лошите“ бактерии ја немаат.

За жал уништувањето на „добрите“ бактерии или пореметувањето на здравата микрофлора како резултат на дејството на антибиотикот може да предизвика развој на дијареа и стомачна болка, како и развој на други патогени кои во нормални услови на здрава и богата микрофлора не би постоеле, а тоа е развојот на Candidaalbicans.

Секако дека овој податок не е толкуу загрижувачки доколку се превземат некои мерки за рационална употреба на антибиотици т.е. да не се земаат на своја рака, како и препишувањето на самите антибиотици да биде строго водено според антибиограм. Доколку се исполнат овие услови употребата на антибиотици би била многу посоодветна и без никакви грижи од последици, затоа што за таа цел тука се една група на живи бактерии кои што се познати како пробиотици.

Според дефиниција пробиотици преставуваат живи микроорганизми кои природно ги има во нашиот гастроинтестинален тракт и не ни предизвикуваат никаква штета, туку напротив ни помагаат во процесот на дигестија (со лачење на ензими), можат да продуцираат некои витамини (витамини од Б - групата и витамин К) и да ја регулираат финкцијата на цревата.

Денешните многубројни испитувања и студии покажуваат и докажуваат дека улогата на пробиотиците е тесно поврзана со заштита на гастроинтестиналниот систем од нарушувања, како што се инфекции, воспалителни болести па дури и канцер.

Одредени пробиотски соеви се и природно отпорни на антибиотици, како што е квасната габа Saharomycesboulardi. Но, повеќето пробиотски соеви се чувствителни на делувањето на антибиотиците, па поради таа причина ќе мора да има временско растојание од антибиотикот т.е. да се даваат после 3 часа од земањето на антибиотикот за да се одржи соодветната тераписка доза на пробиотикот.

На пазарот денеска постојат и пробиотици со повеќе пробиотски соеви во својот состав како што се Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus casei, Bifidobacterium casei, Saharomyces boulardi итн., кои што ќе придонесат за подобро здравје и намалување на штетните ефекти од антибиотици.

На овој начин со користење на оваков тип на комбинација антибиотик - пробиотик пациентот секогаш ќе го добие најдоброто можно решение за себе односно ќе го совлада инфектот, а воедно нема да дозволи појава на штетни ефекти од делувањето на антибиотикот врз домаќинот, како што се постантибиотска дијареа, болки во стомакот и развоја на Candidaalbicans.

М-р фарм. Јулијана Златева

* ПР - објава