Професии во кои има најмногу алкохоличари: На прво место трговци и угостители, а еве кој друг се најде на списокот

Една нова студија од тим истражувачи од Универзитетот во Ливерпул откри кои видови работни места се поврзани со најчестата потрошувачка на алкохолни пијалоци.

Студијата може да помогне во информирање на јавното здравство и да се спроведат програми за превенција и лекување на алкохолизам, велат истражувачите, а објави РТС.

Квалификувани работници во производствената и градежната индустрија имаат тенденција да консумираат повеќе алкохол, покажува истражувањето кое проучувало луѓе на возраст од 40 до 69 години.

Во меѓувреме, оние кои се вработени во други занимања, како што е образованието, имаат помала веројатност да пијат прекумерно.

Според студијата, сопствениците на барови имаат три пати поголема веројатност да бидат под силно влијание на алкохол отколку луѓето кои вршат друга работа.

Свештениците, физичарите, геолозите, метеоролозите и лекарите - се најмалку подложни на алкохолизам, покажа истражувањето.

Д-р Ендру Томпсон, еден од авторите на студијата на Универзитетот во Ливерпул, рече: „Големата потрошувачка на алкохол го зголемува ризикот од физички и ментални повреди. Нашето истражување им дава увид на креаторите на политиката и работодавците кои сектори може да имаат најголема стапка на потрошувачка на алкохол".

Авторите анализирале податоци за 100.817 лица од Велика Британија.

Учесниците во истражувањето го пријавиле своето неделно или месечно внесување и купувањеалкохол, а 17.907 од нив добиле карактеристика за категоријата лица кои многу често пијат алкохол (пијани).

Жените на раководни позиции најверојатно „ќе ја повлечат чашата“

Жените се класифицираат како луѓе кои многу често пијат алкохолни пијалоци ако пијат повеќе од 35 единици во рок од една недела - што е приближно количина пијалоци од три и пол шишиња вино или повеќе од 17 пива со ниска јачина.

Мажите се класифицирани како пијани ако консумираат повеќе од 50 единици - што е пет шишиња вино или 25 пива со ниска јачина.

Врската помеѓу занимањата и пијанството се разликува меѓу мажи и жени, покажува студијата објавена во „BMC Public Health“.

За мажите, работните места кои се најчесто поврзани со алкохолизам се занимања со трговија, додека водечките позиции за жените се поврзани со поголемата количина алкохол што ја пијат.

Занимањата поврзани со најниска стапка на машко пијанство биле свештенството, здравството и урбанизмот, во споредба со училишните секретари, биолошки научници, биохемичари и физиотерапевти за жени.

- Забележаните разлики кај мажите и жените во врската помеѓу занимањето и пијанството може да покажат како работната средина, заедно со полот и другите сложени фактори, влијаат на склоноста кон алкохолизам. Така, работодавачите можат да интервенираат со одредени мерки, и да работат во корист на вработените, но и пошироката економска заедница, што ќе резултира со индиректно зголемување на продуктивноста - додаде д-р Томпсон.

Истражувачите додаваат дека се потребни дополнителни истражувања за специфичните причини за поврзаност помеѓу одредена професија и честото пијанство.


Можеби ќе ве интересира:

10 сериозни работи што лекарот никогаш нема да ви ги признае