Проклетство на Ондина: Не може да спие веќе 21 година затоа што може да умре
Лекарите му дијагностицирале на Лиам Дарбишир необична и ретка болест што ја имаат само 1.000 луѓе во светот.
На почетокот на неговиот живот, лекарите му дале само шест недели живот. Лиам е роден со синдром на централна хиповентилација, нарушување кое влијае на дишењето, попознато како проклетство на Ондина.
Во август 2020 година, Лиам наполни 21 година, но тој никогаш не спие сам, затоа што постои опасност да не се разбуди.
Неговата болест донесе бројни предизвици за семејството Дарбишир, кои заедно со лекарите и негувателката се грижат за младиот Лиам. Секоја вечер, родителите Ким и Питер треба да го поврзуваат со респиратор, затоа што во спротивно може да умре.
Покрај тоа, Лиам исто така има оштетување на нервните завршетоци во цревата, тој го победи ракот како дете и има аутизам.
„Да, ова е пресвртница. Лиам беше всушност во болница пред неговиот роденден и не беше воопшто добро, но заврши добро. Работевме толку напорно за да стигнеме до овде, прво 16,18, а сега 21 година, ова е особено голема работа - рече Ким по повод роденденот на Лиам.
Лиам мора да биде поврзан со апарат за дишење секој пат кога родителите ќе му посакаат „добра ноќ“.
Д-р Гери Конет, кој го лекува Лиам во општата болница во Саутемптон, вели:
„Ова е исклучително ретка болест. Лиам беше првиот пациент на кој му беше дијагностицирана централна хиповентилација кога дојдов во оваа болница пред 12 години “.
Семејството потрошило пари на илјадници сметки за електрична енергија потребни за апаратите и да инсталираат светлосни аларми во случај да снема струја преку ноќ, за да се заштити Лиам додека спие.
Синдромот што го има овој млад човек, проклетството на Ондина, се однесува на митот за Ондина, водна нимфа, која имала неверна смртна љубовница. Тој се заколнал дека секој негов здив кога ќе се разбуди ќе биде доказ за неговата љубов, а бидејќи ѝ бил неверен, таа го проколнала дека кога ќе заспие ќе заборави да дише.
извор: Alo.rs/zanimljivostdana/K.Ć