Проверете денеска дали ве има на списокот, на 12 јануари исплата на државната помош за енергетската криза
Списоците на граѓани од пакетот на мерки за финансиска поддршка за справување со енергетската криза треба да се најдат денеска на веб-страниците на Министерството за труд и социјална политика, на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на Агенцијата за вработување.
Од денеска до наредните три дена ќе бидат објавени списоците со категориите на граѓани, а средствата кои им следуваат како антикризна помош ќе им бидат исплатени на 12 јануари.
Станува збор за корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. Повеќе на Фактор.мк