Прв случај во светот: Човек истовремено е позитивен на Ковид, мајмунски сипаници и ХИВ

Маж во Италија e позитивен на мајмунски сипаници, коронавирус и ХИВ и ова е прв ваков случај во светот. 

36-годишниот пациент бил на петдневно патување во Шпанија, на лекарите кажал дека имал незаштитен секс со мажи, добил висока температура, болки во грлото и главата, како и воспаление во пределот на препоните.

Три дена по појавата на симптомите, тој открил дека е позитивен на корона, објави стручниот магазин „Journal of Infection“. Само неколку часа по позитивниот тест за корона, на неговата лева рака се појавило црвенило. По неколку дена, сипаници се прошириле по целото тело, па е примен во болницата во Таканија. На клиниката му се направени повеќе тестови при што е утврдено дека е позитивен на мајмунски сипаници, ковид 19 и ХИВ.


Фото: unsplash