Првата жена змеј во светот го загуби синот поради нејзините модификации

Една жена, која некогаш била многу успешна во банкарството, го навела синот да се одрече од неа откако решила да го промени животот со екстремни модификации на телото и да стане првата жена „змеј на планетата“.

Тиамат Лијн Медуза од САД долги години работела во банка, но еден ден во доцните четириесетти решила целосно да го промени својот животен пат. Преку тетоважи на очите, бројни пирсови и модификации на телото, Тиамат полека се трансформираше во жена змеј, но овие соништа донесоа со себе огромни последици, како што е негативно влијание врз нејзиниот однос со синот.

Зборувајќи со Ентони Падила на неговиот канал на Јутјуб, таа откри дека имала 79 пирсови додека работела како потпретседател на една од најголемите банки во САД. Сепак, Тиамат додала дека повеќето од нив биле скриени, а доколку имало на повидок, таа ги вадела секој ден кога одела на работа и ги враќала кога ќе заврши денот.


Сега, оваа жена тврди дека го живее животот во потполност без разлика како изгледа сега. Тиамат откри дека била ХИВ позитивна за време на нејзината работа во банка, што, според нејзините тврдења, ја претворило од извонреден банкар, жена која не пропуштала ниту еден ден на работа.

View this post on Instagram

A post shared by Tiamat Legion Medusa (@dragonladymedusa)